Владата понуди земјиште за изградба на винарии

Bez autora
Jun 24 2012

Објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште во државна сопственост по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на винарии, односно за винарски визби. Станува збор за вкупно десет локации во општините Кратово и Дебарца, а целта е привлекување нови домашни и странски инвестиции, како и отворање нови работни места. Предмет на електронско јавно наддавање за локацијата во општина Кратово е градежна парцела со површина од 7.315 метри квадратни, чија почетна цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите може да се достават до 11.07.2012. Во општина Дебарца понудени се девет градежни парцели, наменети за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија – винарии со површини од 2.299 до 2.644 метри квадратни, чија почетна цена на јавното наддавање изнесува 200 денари од метар квадратен, а пријавите за учество може да се достават до 12.07.2012.

Владата понуди земјиште за изградба на винарииОбјава за отуѓување на градежно неизградено земјиште во државна сопственост по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на винарии, односно за винарски визби, распиша Министерството за транспорт и врски.

Станува збор за вкупно десет локации во општините Кратово и Дебарца, а целта е привлекување нови домашни и странски инвестиции, како и отворање нови работни места.

Предмет на електронско јавно наддавање за локацијата во општина Кратово е градежна парцела со површина од 7.315 метри квадратни, чија почетна цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите може да се достават до 11.07.2012.

Во општина Дебарца понудени се девет градежни парцели, наменети за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија – винарии со површини од 2.299 до 2.644 метри квадратни, чија почетна цена на јавното наддавање изнесува 200 денари од метар квадратен, а пријавите за учество може да се достават до 12.07.2012.

Право на учество во јавните наддавања имаат физички лица  и правни  лица.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik